Изложба

Изложба - „Лабораторија од минатото за иднината“

15.12.2023 17:00

Проектот „Лабораторија од минатото за иднината“: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, е национален претставник на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, што ќе се одржи од 20-ти мај до 26-ти ноември следната година.

Изложбата е композиција од спомени, сеќавања, записи, реконструкција, кажувања. Повеќеслојна и сложена поставка. Маса во вид на богата трпеза која има за цел да ја презентира возбудливата приказна која претставува реконструкција на чардакот на манастирот „Св Јоаким Осоговски“.

Нашите архитекти и уметници создаваат вечност и неминливост, рече претседателот на државата, Пендаровски.

Изложбата е национален претставник на венециското биенале за архитектура.

 

Александра Спировска