Ракомет

Лазаров ја објави потесната листа со 19 играчи за ЕП во Германија

15.12.2023 19:01

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров од поширокиот список пријавен во ЕХФ со 35 играчи...

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров од поширокиот список пријавен во ЕХФ со 35 играчи, денеска ја направи првата потесна селекција на играчите со кои ќе настапат „црвено-жолтите“ на ЕП-2024 во Германија. Лазаров одбра 19 ракометари кои ќе бидат костурот на репрезентацијата и осуммина остави на резервната „клупа“.

Првиот собир на репрезентативците е закажан за во среда на 20-ти декември, а по прозивката во хотелот „Александар Палас“ ќе биде означен старт на подготовките за Европското првенство.

Македонија на ЕП ќе игра во група на 10 јануари – Македонија-Франција 18.00 часот, 14 јануари – Македонија-Германија 20.30 часот, 16 јануари – Македонија-Швајцарија во 18.00 часот.