Премиера на новата сезона на тинејџерската ТВ серија „Тин Камп“
Промоцијата и премиера на втората сезона на тинејџерската ТВ серија „Тин Камп“. Сите присутни на настанот имаа можност премиерно да ја погледнат првата епизода од ТВ серијалот и миниконцерт на кој беа испеани хитови од новата сезона.

Денеска се одржа промоцијата и премиера на втората сезона на тинејџерската ТВ серија „Тин Камп“. Сите присутни на настанот имаа можност премиерно да ја погледнат првата епизода од ТВ серијалот и миниконцерт на кој беа испеани хитови од новата сезона.
Во 10-те епизоди, учесниците на кампот ќе доживеат неповторливо искуство, учејќи нови животни лекции. Заклучокот на крајот е дека пријателите се темелите на нашиот живот. Тие ги прават нашите животи побогати и исполнети. Времето поминато со пријателите, семејството и со саканите е најважниот момент во животот.
Втората сезона ќе почне со емитувањето в сабота на првиот канал на Македонската телевизија. Ќе има десет епизоди кои ќе одат во сабота и недела од 20:15 часот.
