Загадениот воздух влијае на здравјето на велешани
Високите концентрации на ПМ10 честички во воздухот во Велес, влијаат на зголемениот број на пациенти кои овој период се жалат на проблеми со дишните патишта...

Во службата за Итна медицинска помош во Велес, зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на здравствени проблеми предизвикани од воздухот во кој има високи вредности и на ПМ10 честички, сулфур диоксид и јаглерод моноксид.
Во текот на месец ноември, во Велес мерните инструменти на Министерството за животна средина покажале шест дена вредности над максимално дозволените, а во првата половина од декември седум дена од 15 биле со повисоки вредности. Тоа влијае на здравјето на велешани, кои го чувствуваат загадениот воздух.
Докторите препорачуваат овој период од годината да се носат заштитни маски кои ќе ги заштитат дишните патишта и олеснат дишењето.
Петар Печков
