Груевски- Даниелсон: Eвропската интеграција останува приоритет на Владата

04.06.2014 18:53

Груевски и Даниелсон разговарале за европската интеграција на Република Македонија, нејзините перспективи и реформите кои се преземаат за реализација на европската агенда...

Европската интеграција е стратешка определба на македонија. Владин приоритет останувааат реформите за евро интеграција и пристапниот дијалог на високо ниво  се до целосно исполнување – рекол премиерот Никола Груевски на средбата со првиот човек на Директоратот за проширување на Европската унија, Кристијан Даниелсон.

На средба во владата Груевски на европскиот дипломат му потенцирал дека земјава  ќе продолжи со активностите и реформите кои овозможуваат унапредување на економијата, но и на општествените сфери. Беше истакната интенцијата, потребата и корисноста од институционален дијалог и коректни и продуктивните политички дебати во рамките на институциите со инклузија на сите политички фактори, како и потребата од одговорно и посветено однесување на сите чинители.

Во разговорт Груевски ја истакнал посветеноста за зајакнување на добрососедските односи и интензивирање на дијалогот за надминување на отворените прашања.

Дипломатот од Брисел во Скопје разговараше и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Предвидена е средба на Даниелсон со министерот за надворешни работи Никола Поповски и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, но, и со претставници на невладиниот сектор.

Даниелсон доаѓа во време кога опозициските пратеници се надвор од парламентот по поднесените оставки.

Неофицијално, Даниелсон воопшто нема да даде изјава за медиумите. По посетата на Македонија преку соопштение Европската Унија ќе соопшти детали за средбите на првиот човек на директоратот кој ќе има и брифинг со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, а ќе разговара и со американскиот амбасадор Пол Волерс.