Граѓаните на Србија утре бираат нова власт
Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент...

Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент.
Покрај парламентарните, граѓаните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград.
Републичката изборна комисија синоќа соопшти дека вкупниот број на гласачи во Србија за парламентарните избори на 17 декември е 6.500. 165, а ќе се гласа на вкупно 8.273 места.
Вкупниот број на гласачи во Белград е 1.613. 190 и тие ќе гласаат на 1.198 избирачки места. Во колективната листа за парламентарните избори има 18 листи со вкупно 2.818 кандидати за пратеници.
Кога станува збор за изборите во Белград, граѓаните ќе избираат од 14 изборни листи. Избирачките места се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 20:00 часот.
