Израелско-Палестински конфликт

Израелските војници по грешка убиле тројца заложници

16.12.2023 09:50

Израелските војници случајно убиле тројца заложници во Газа, откако погрешно ги сметале за закана за време на операцијата против Хамас...

Израелските војници случајно убиле тројца заложници во Газа, откако погрешно ги сметале за закана за време на операцијата против Хамас, изјави портпаролот на армијата Даниел Хагари.

Од Белата куќа изразија жалење за ненамерното убиство на тројца заложници.

Официјален Вашингтон тврди дека САД и Израел работат со палестинската автономија и дека за тоа се водат преговори со претседателот Махмуд Абас.