Украина
Одлуката да се отворат пристапни преговори со Молдавија и Украина може да ја дестабилизираат ЕУ, смета Русија
16.12.2023 10:04
Русија смета дека одлуката на Европската унија да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија е политичка одлука која би можела да ја дестабилизира Унијата...

Русија смета дека одлуката на Европската унија да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија е политичка одлука која би можела да ја дестабилизира Унијата.
Сосема е јасно дека ни Украина ни Молдавија не ги исполнуваат критериумите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во меѓувреме борбите продолжуваат. Украинската војска соопшти дека Русија нападнала со беспилотни летала и проектили, додека Москва извести за украински воздушни напади, насочени кон областа на Москва, неколку часа пред Путин да ја одржи прес-конференција на крајот на годината.
