Тетово тоне во смет, комуналните работници бараат исплата на заостанатите плати
По штрајкот кој вработените на Јавното комунално претпријатие Тетово го одржаа минатиот месец, а на кој побараа да им се исплатат заостанатите плати, општината одлучи да им пушти на сметка само една плата. Сликата во Тетово со купишта смет околу контејнерите го покажува незадоволство на комуналните работници, кои најавија дека повторно ќе го активираат штрајкот ако не ги добијат сите плати...

Смет околу контејнерите, незадоволни комунални работници на кои им доцнат плати и се без здравствено осигурување.
Ваква е сликата во Тетово особено последниве неколку недели по штрајкот кој вработените на Јавното комунално претпријатие Тетово го одржаа минатиот месец, а на кој побараа да има се исплатат заостанатите плати.
Од Општината Тетово најавија дека од 1-ви месецов менаџирањето со комуналниот смет во градот ќе го преземе словенечка компанија, а претходно сите заостанати плати на тетовските комуналци ќе им бидат исплатени.
Но, ветувањата не се исполнија. Сега градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами сега уверува дека од 1-ви јануари словенечката компанија ќе започне со менаџирање на сметот.
Според него веќе е започната процедурата за преземање на вработените.
Словенечката компанија ќе треба да го подига и транспортира сметот до депонијата Русино, останатите комунални услуги ќе ги врши ЈКП Тетово.
Зоран Димовски
