Украина-Русија

Продолжуваат воздушните напади во Украина

16.12.2023 11:56

Русија и Украина тврдат дека вчера и денеска собориле десетици беспилотни летала над украинска територија во Крим кој е под руска окупација и во други делови на јужна и источна Украина, како и во Киев...

Русија и Украина тврдат дека вчера и денеска собориле десетици беспилотни летала над украинска територија во Крим кој е под руска окупација и во други делови на јужна и источна Украина, како и во Киев.

Силите за воздушна одбрана на Украина ги соборија сите беспилотни летала „Шахед“ со кои Русија синоќа го нападна Киев, соопштија градските власти.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги советуваше жителите да останат во засолништа. Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски рече дека Украина е решена да мобилизира поддршка и „да работи со партнерите за зачувување на единството во одбраната на Украина“.