Израел
Протести во Тел Авив откако армијата призна дека по грешка убила тројца заложници
16.12.2023 12:48
Ненамерното убиство на тројца заложници во енклавата од израелската армија предизвика голема потресеност во Израел...

Продолжуваат нападите на израелската војска во Појасот Газа. Во северниот дел на Појасот загинале најмалку 14 лица. А ненамерното убиство на тројца заложници во енклавата од израелската армија предизвика голема потресеност во Израел.
Тројцата мажи киднапирани од Хамас биле застрелани за време на борбите во Шуџаија, на северот на Појасот Газа.
По веста стотици демонстранти се собраа на протести пред Министерството за одбрана во Тел Авив, меѓу нив и роднини на заложници.
Демонстрантите побараа брз и нов договор за ослободување на преостанатите заложници. Од Белата куќа изразија жалење за ненамерното убиство.
