Трговија

Нов Закон за потрошувачи

16.12.2023 14:11

Со новиот закон продавачите не можат како претходно да прават продажни поттикнувања преку акции и распродажби. Туку си има закон кога можат тоа да го прават. Високи парични казни за нечесните трговци од страна на Државниот пазарен инспекторат. Онлајн измамите растат како полесен начин на тргување. Кај нас и има простор за манипулации – велат од Организацијата на потрошувачи...

Високи парични казни за нечесните трговци, поголема заштита за потрошувачите новиот закон ги стегна механизмите за казнување. Од Организацијата на потрошувачи очекуваат да се зголеми и надзорот на пазарот од страна на инспекторите. Граѓаните сè уште мета на измами од страна на трговците, но најчести се онлајн измамите.

За нечесната трговска практика новиот закон носи поголеми казни.

Со новиот закон не само што се зајакнуваат механизмите за поголема заштита на купувачите, туку исто така се зголемени и глобите за имами од страна на трговците и надзорот на пазарот од страна на инспекторите.

Едно нарачуваат друго добиваат. Онлајн трговијата е најлесен начин за манипулација и измами врз потрошувачите.

При купување онлајн, доколку трговецот не достави фискална сметка или фактура, потрошувачите воопшто да не го подигаат производот или да го вратат веднаш при преземањето, советуваат од Организацијата на потрошувачи.

 

Александра Спировска