Тече постапката за екстрадиција на Палевски, Агелер со критики кон македонските институции

16.12.2023 16:07

Отпечатоците на Љупчо Палевски главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се стигнати од Турција – потврдија од МВР...

Отпечатоците на Љупчо Палевски главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се стигнати од Турција – потврдија од МВР.

Според министерот Спасовски истрагата за двојното убиство може да се прошири за точно да се откријат мотивите на грозоморниот чин.

Се чекаат и материјалите од ДНК анализата. Палевски е во 40-дневен притвор по неговото апсење во Баликесир. Според истражните органи за екстрадицијата ќе бидат потребни месеци.

Остри критики кон македонските институции за убиството на малолетничката Вања упати американската амбасадорка Агелер во интервју на Канал 77. Според неа иако тие биле свесни дека осомничените биле криминалци не ги санкционирале.