Македонија
Костадиновска-Стојчевска го разреши в.д. директорот на скопскиот Конзерваторски центар
16.12.2023 18:53
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска го разреши в. д. директор на Конзерваторски центар Скопје Константин Димитровски...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска го разреши в. д. директор на Конзерваторски центар Скопје Константин Димитровски.
Тој пред неколку дена беше приведен како осомничен за дрското уништување на културно наследство во Стара скопска чаршија, односно уривањето на хотелот „Шар Ан“, кој со законот е прогласен за културно наследство.
