Тенис – Ролан Гарос

Париско полуфинале за Халеп и за Петковиќ!

04.06.2014 19:34

Не беа отпишани, но лесниот пласман во полуфиналето во коешто ќе играат меѓусебе, веројатно не беше очекуван ниту за  Романката Симона Халеп и за Германката Андреа Петковиќ. И  двете славеа на двапати со по 6:2.

Иако четврторангирана, Халеп никогаш досега не го минала второт коло на Ролан Гарос, а во четвртфиналето беше убедлива против шампионката од 2009-та, Русинката Светлана Кузњецова што е незјин трет триумф во петте пресметки.

Петковиќ пак, го надмина успехот од 2011-та кога играше во четврфиналето и денеска беше подобра од 10-тата фаворитка, Италијанката Сара Ерани која пред две години го загуби мечот за трофејот од Русинката Марија Шарапова. Петковиќ е само 28 носителка затоа што поради повреда пропушти голем дел од мината сезона, но нема да биде аутсајдер без разлика што беше поразена во двата досегашни дуела со Халеп и тоа без освоен сет.

Во другото полуфинале в петок ќе играат Шарапова и Канаѓанката Еугение Бушар.