Ватикан

Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор

16.12.2023 19:24

Судот во Ватикан денеска го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу на пет години и шест месеци затвор за повеќе кривични дела...

Судот во Ватикан денеска го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу на пет години и шест месеци затвор за повеќе кривични дела.

Судскиот процес против Бечиу траеше две и пол години во кој тој беше обвинет за проневера, злоупотреба на службената положба и обид за лажно сведочење.

Папата Франциск во 2020 година го разреши кардиналот Бечиу од функцијата поради непотизам, иако тој ги отфрли сите обвинувања.

Покрај обвинувањата за пренасочување на ватикански средства кон компании или добротворни организации што ги водат неговите браќа во Сардинија, кардиналот е вклучен и во вработувањето на Сесилија Мароња, исто така од Сардинија, како дел од планот за ослободување на католичка калуѓерка киднапирана во Мали.

Бечиу е највисокиот црковен функционер кој некогаш бил осуден пред кривичниот суд во Ватикан.