Скопје

Саниран дефектот кој остави без вода поголем дел од централното подрачје во Скопје

17.12.2023 09:04

Саниран е големиот дефект на Кеј „Димитар Влахов“ во непосредна близина на Младинскиот културен центар...

Саниран е големиот дефект на Кеј „Димитар Влахов“ во непосредна близина на Младинскиот културен центар, кој од вчера претпладне остави без вода поголем дел од централното градско подрачје.

Дефектот, како што информираа од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ е саниран ноќеска во 03:50 часот.