Битола

Во Битола презентација на хеликоптер со опрема за итна медицинска помош

17.12.2023 09:06

На хелиодромот на Општата болница Битола денеска ќе биде презентиран хеликоптер со нова опрема за итна медицинска помош...

На хелиодромот на Општата болница Битола денеска ќе биде презентиран хеликоптер со нова опрема за итна медицинска помош.

На настанот најавено е присуство на министрите за внатрешни работи и за здравство Оливер Спасовски и Фатмир Меџити, како и на заменик-министерката за здравство Маја Манолева и директорот на Градска Општа болница „8-ми септември“, Христијан Костов.