Израелско-Палестински конфликт

Началникот на Генералштабот на израелската армија ја презеде одговорноста за убиството на тројцата заложници

17.12.2023 09:54

Тел Авив ја призна вината за убиството на тројцата заложници. Одговорноста ја презеде началникот на генералштабот на војската Херзи Халеви...

Тел Авив ја призна вината за убиството на тројцата заложници. Одговорноста ја презеде началникот на генералштабот на војската Херзи Халеви.

Забрането е да се пука во оние кои креваат бело знаме и бараат да се предадат. Тоа што е направено е прекршување на правилата за служба, рече Халеви, но додаде дека пукањето било извршено во борба и под стресни околности.

Семејствата на заложниците со апел до израелската влада да ги прекине борбите и да преговара за нивно ослободување.