Кошарка – НБА
Дурент и Леброн најдобри меѓу најдобрите!
04.06.2014 21:35
Кевин Дурент и Леброн Џејмс се предводници на најдобрата НБА петорка сезонава...

Не играат во иста екипа, но веројатно би биле незадржлив тандем. Кевин Дурент и Леброн Џејмс се предводници на најдобрата НБА петорка сезонава.
Во изборот на 125 спортски новинари, крилото на Оклахома доби 625 поени, а крилниот - центар на Мајами само два помалку. За „Кеј Ди“ ова е петто вакво признание, а за „Кралот“ осмо.
Во идеалниот петорка влегоа и бекот на Хјустон Џејмс Харден, плејмејкерот на Клиперс Пол Џорџ и центарот на Чикаго Јоаким Ноа кој две сезони по ред е прогласуван за најдобар одбранбен кошаркар.
