Кочани

Додека трае откуп на ориз, се увезува од странство

17.12.2023 12:31

Додека трае откупот на домашниот род, извршен е увоз на околу 100 тони бел ориз, реагираат оризопроизводителите во кочанско. Велат – „Ова е последен удар во тешката година за оризот која заврши со послаб принос и квалитет од минатите години.“

Наместо да го поттикнува домашното производство, власта дозволи увоз на ориз со што се намали откупната цена. Ова е последен удар откако ја завршивме жетвата со намален принос и послаб квалитет од лани, реагираат оризопроизводителите од Облешево.

Од трудот на земјоделците добивка имаат откупувачите и трговците, килограм арпа се откупува за триесеттина денари, а килограм бел ориз во маркетите има четири пати повисока цена, реагираат од опозицијата.

Оризопроизводителите од кочанско бараат услови во оваа земјоделска дејност да ја гледаат својата иднина, како што било во минатото кога кочанскиот ориз доминираше на домашниот но и на странските пазари.

 

Елизабета Митреска