Украина

Продолжуваат воздушните напади меѓу Русија и Украина

17.12.2023 12:25

Украина лансираше десетици беспилотни летала на цели во јужна и западна Русија, додека Москва гаѓаше локации во Украина со најмалку една балистичка и една крстаречка ракета, заедно со беспилотни летала...

Украина лансираше десетици беспилотни летала на цели во јужна и западна Русија, додека Москва гаѓаше локации во Украина со најмалку една балистичка и една крстаречка ракета, заедно со беспилотни летала.

Како што соопштија украинските воздухопловни сили, ракетата „Искандер“ „не ја достигна целта“, без да дадат дополнителни детали.

Руското Министерство за одбрана пак објави дека соборило 33 украински беспилотни летала над регионите Липецк, Волгоград и Ростов.