Либија
Најмалку 60 мигранти се удавија во близина на Либија
17.12.2023 13:08
60-на мигранти, вклучувајќи жени и деца, се удавија во „трагичен“ бродолом кај Либија, објави Меѓународната организација за миграција на платформата икс...

60-на мигранти, вклучувајќи жени и деца, се удавија во „трагичен“ бродолом кај Либија, објави Меѓународната организација за миграција на платформата Икс.
Организацијата соопшти дека преживеаните рекле дека бродот со 86 луѓе испловил од либискиот град Звара.
Централниот Медитеран сè уште е еден од најопасните миграциски рути во светот, се вели во соопштението на ИОМ. Според извештаите, повеќето од жртвите биле од Нигерија, Гамбија и други африкански земји.
