Србија

Во Србија до 10 часот гласале 9,94 запишани гласачи, според РИК гласањето се одвива без проблеми

17.12.2023 13:33

На конференцијата на Републичката изборна комисија беше соопштено дека излезноста до 10 часот е 9,94 отсто, и дека гласањето се одвива непречено...

Граѓаните на Србија денеска гласаат на паламентарни, покраинаски избори, за советници на Собранието на Град Белград и 64 други локални собранија. На конференцијата на Републичката изборна комисија беше соопштено дека излезноста до 10 часот е 9,94 отсто, и дека гласањето се одвива непречено. Од Белград известува нашиот дописник Оливер Бранковиќ.