Тенис – Ролан Гарос

Ново полуфинале меѓу Надал и Мареј!

04.06.2014 22:07

Рафаел Надал и Енди Мареј не дозволија да им се случи Гулбис, па ќе играат во полуфиналето на вториот тениски грен слем, Ролан Гарос. Ќе беше премногу осумкратниот шампион Надал да загуби третпат по ред во шпанската пресметка со Давид Ферер, па во реприза на ланското финале триумфираше со 3:1. Првиот сет што му припадна на Ферер со 6:4 како дополнително да го мотивираше најдобриот светски тенисер кој одговори со 6:4, 6:0 и 6:1.

Мареј пак, го  повтори најдоброто постигнување од 2011-та. За второто полуфинале во Париз, Британецот мораше да одигра маратон против Гаел Монфис кој остана последниот Французин кој влегол во големата четворка на домашниот грен - слем и тоа пред шест години. Немаше најава дека Мареј ќе слави со 3:2 затоа што со 6:4 и 6:1 поведе со 2:0. Непредвидливиот Монфис се врати во игра буквално на ист начин, освојувајќи ги следните два сета со ист резултат по гемови. Сепак, во петтиот сет решавачки беа искуството и квалитетот на седмиот фаворит Мареј кој беше супериорен со 6:0.

За пласман во првото финале на Ролан Гарос, Енди ќе се обиде да му се спротивстави на Рафа против кого има негативен биланс од само пет победи и 14 порази, меѓу нив и петте во сите меѓусебни мечеви на земја, вклучувајќи го и полуфиналето од пред две години.

В петок ќе играат и второрангираниот, Србинот Новак Ѓоковиќ против летонското изненадување Ернест Гулбис.