Скопје
„Да подариме насмевка“ по шести пат на Детската клиника во Скопје
17.12.2023 15:02
Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа денеска дечињата од Детската клиника во Скопје во рамки на традиционалниот настан „Да подариме насмевки“...

Пепелашка, Медо, Спајдермен, Бетмен – јунаци од цртани филмови и бајки заедно со Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од Детската клиника во Скопје. Со јажиња се спуштија на балконите и измамија насмевки. Малите пациенти добија и новогодишни пакетчиња.
Традиционалниот настан „Да подариме насмевка“ е волонтерски и се одржува по шести пат, велат од Црвениот Крст.
Директорката на клиниката, Стојка Нацева-Фуштиќ, информираше дека во моментов на болничко лекување се наоѓаат околу 80 дечиња.
Александра Спировска
