Од денеска итни пациенти од цела Македонија со хеликоптер ќе се пренесуваат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје
На платото над битолската Клиничка болница промовиран еден од полициските хеликоптери кој ќе врши бесплатен превоз на најзагрозените пациенти од болниците во внатрешноста до Градската болница 8-ми Септември во Скопје. Ова е еден голем исчекор на нашето здравство во заштитата на пациентите велат здравствените работници...

Од денеска најитните случаи од болниците во внатрешноста добиваат бесплатен хеликоптерски транспорт до Градската болница во Скопје 8-ми Септември. Првиот пробен лет до битолската Клиничка болница како една од најоддалечените точки од здравствените установи во метрополата.
Потребата од дополнителна опрема ќе се обезбедува соодветно на дијагнозата на пациентите вели министерот Меџити. Тој смета дека со ова се прави значаен исчекор во заштитата на пациентите и осовременувањето на здравствениот систем.
За итноста на состојбата и потребата на ваков транспорт ќе постои координација помеѓу медицинската установа каде е примен пациентот и кол центарот во скопската болница.
Опремените полициски хеликоптери ќе делуваат и на немили настани кои се случуваат на терен. Таков беше и утринскиот случај кога хеликоптерски беше пренесе повреден ловџија на потешко пристапен терен во Тетовско.
Стевче Митревски
