Србија
До 14 часот излегле 32,38 отсто од гласачите во Србија
17.12.2023 17:19
После неполни две години, соседна Србија излегува на предвремени избори на кои над 6 и пол милиони граѓани имаат право на глас...

После неполни две години, соседна Србија излегува на предвремени избори на кои над 6 и пол милиони граѓани имаат право на глас. До 14 часот гласале 32,38 отсто од избирачите, соопшти Републичката изборна комисија. За споредба, во истиот временски период на изборите во април 2022 година на гласање излегле 31,56 отсто од гласачите. Од Белград известува нашиот дописник Оливер Бранковиќ.
