Мексико
Пукање на забава во Мексико, загинаа најмалку 11 лица
17.12.2023 19:08
Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се ранети кога вооружени напаѓачи отворија оган на забава во поранешна хациенда во Мексико...

Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се ранети кога вооружени напаѓачи отворија оган на забава во поранешна хациенда во Мексико.
Пукањето се случила во Салватиери, соопштија локалните медиуми. Според првите извештаи, до пукањето дошло кога група вооружени напаѓачи упаднале на забавата во поранешна хациенда и ги застрелале гостите.
Сè уште не се познати деталите за мотивите за пукањето.
