Пониски цени на зеленчукот во мај
Поради богатата понуда, цената на пролетната зелка е пониска од лани. Kраставиците и спанаќот, пак, годинава биле поскапи...

Во првата половина на месец мај на зелените пазари е зголемеn трендот на богатата понуда на сезонски зеленчук. Најголема понуда има пролетната зелка која за разлика од лани бележи намалување на цената за 21 процент.
Намалување од 23 насто има и кај младиот компир, кај зелената салата 21 насто, морковот 18 процент додека кај доматите има незначителено поевтинување.
Кај другите зеленчуци има зголемување на цените. Поскапела пиперката за 16, краставиците 12, спанаќот 9, и за повеќе од 5 проценти грашокот.
Просечните цени на пазарите на мало во регионот на почетокот на мај покажуваат дека зеленчукот, за разлика од Србија и Црна Гора, највисока цена има во Хрватска.
Методија Трајков
