Аргентина
Во невреме во Аргентина загинаа 13 лица
17.12.2023 20:35
Големо невреме со обилни дождови и ветрови до 150 километри на час усмрти 13 лица, а предизвика материјална штета во повеќе градови во Аргентина, меѓу кои и Буенос Аирес...

Големо невреме со обилни дождови и ветрови до 150 километри на час усмрти 13 лица, а предизвика материјална штета во повеќе градови во Аргентина, меѓу кои и Буенос Аирес.
Најсилниот налет на невремето го погоди градот Баја Бланка, на околу 600 километри југозападно од Буенос Аирес, каде што се урнал покрив на спортски клуб.
Во тој град загинаа 13 лица, а 14 се тешко повредени, соопштија локалните власти.
