Заврши гласањето во Србија
Во 20 часот вечерва заврши гласањето во Србија на предвремени парламентарни, покраински и локални избори во 60-тина градови и општини. По 20 часот останаа да гласаат само оние граѓани кои во тоа време се затекнале на местото на гласање...

Во 20 часот вечерва заврши гласањето во Србија на предвремени парламентарни, покраински и локални избори во 60-тина градови и општини. По 20 часот останаа да гласаат само оние граѓани кои во тоа време се затекнале на местото на гласање.
Последните информации за излезноста од Републичката изборна комисија (РИК) се однесуваат до 18 часот и според нив, правото на глас го искористиле 51,93 отсто. Во однос на изборите во април 2022 година, излезноста денеска е повисока за нешто повеќе од еден отсто. На ланските избори до 18 часот гласаа 50,82 отсто.
Набљудувачите од невладината организација Црта, пак, соопштија дека до 19 часот гласале 55,5 отсто од гласачите, а изборниот ден го оценија како „многу тежок и лош“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по гласањето рече дека очекува неговата партија Српска напредна странка (СНС) да освои „убедлива“ победа.
