Скопје

Јакимовски се жали дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го блокирала планот за згради кај Алумина

17.12.2023 22:18

Просторот кај поранешната фабрика Алумина заслужува да биде уреден плански, е ставот на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој денеска уште еднаш повтори дека блокирањето на носењето на ДУП-от за Алумина е веќе видена пракса за советниците од ВМРО ДПМНЕ...

Просторот кај поранешната фабрика Алумина заслужува да биде уреден плански, е ставот на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој денеска уште еднаш повтори дека блокирањето на носењето на ДУП-от за Алумина е веќе видена пракса за советниците од ВМРО ДПМНЕ.

Според него, под изговор дека сакаат да ја спречат изградбата на зградите кај Алумина, советниците поднесле 4.000 амандмани, со што ќе го блокираат носењето на Буџетот за 2024 година.

Тони Јаревски денеска го обвини Јакимовски дека е испостава на власта и „Пуцко Петрол“ за реализација на милионскиот бизнис. Според него, Стевчо Јакимовски е само параван на Ковачевски, кој треба да го истурка спорниот ДУП и да стави потпис за уништувањето на Карпош.