Србија

Вучиќ: Освоивме апсолутно мнозинство, победивме и во Белград

17.12.2023 22:58

Вучиќ вечерва се обрати до јавноста по денешниот изборен ден...

Вучиќ вечерва се обрати до јавноста по денешниот изборен ден.

„Почитувани граѓани на Србија, ќе ве информираме за правецот и политиката на Србија. Секако, ќе ги споменам и прелиминарните резултати за Белград. А во Белград листата „Србија не смее да запре“ несомнено освои најмногу гласови“, рече Вучиќ.

Тој вели дека на изборите за покраинското собрание на Војводина, кое има 120 пратеници, листата „Србија не смее да застане“ освоила апсолутно мнозинство.

„Од 120 пратеници, листата Србија не смее да запре ќе има меѓу 67 и 69 пратеници. На второто место се најде листата Србија против насилство, со 28 спрема 29, што значи двојно повеќе гласови и пратеници. Третопласирана е СВМ со 9 мандати, СПС со 7 мандати, НАДА со 6 мандати и некоја руска партија со 1 мандат во Војводина“, рече претседателот Вучиќ.

Србија не смее да запре, ќе има апсолутно мнозинство во парламентот – рече тој.