Влада

Битиќи и Николовски во работа посета на Гевгелија

18.12.2023 08:13

Во текот на работната посета вицепремиерот Битиќи и министерот Николовски ќе извршат увид на финалните градежни активности за изградба на браната Конско...

Заменик-претседателот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ќе бидат во работна посета на Гевгелија. Во текот на работната посета вицепремиерот Битиќи и министерот Николовски ќе извршат увид на финалните градежни активности за изградба на браната Конско.

Како што најавуваат од владината прес-служба, по завршувањето со увидот предвидена е заедничка изјава за медиумите.