САД

Автомобил удри во возилото на тајната служба кое го обезбедуваше Бајден

18.12.2023 09:44

Портпаролот на тајната служба, Стив Копек во изјава за Си-Ен-Ен рече дека несреќата не била намерна...

Во Вилмингтон, Делавер, автомобил случајно удри во џипот на тајната служба додека претседателот Бајден, влегувал во неговиот автомобил. Портпаролот на тајната служба, Стив Копек во изјава за Си-Ен-Ен рече дека несреќата не била намерна.

Семејството Бајден го посети предизборниот штаб на претседателот за 2024-та година, поздравувајќи ги вработените за време на празничната сезона.