Сабота е „Ден на идеи“ во Владата

05.12.2013 11:09

Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија во рамките на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики и подобро функционирање на општеството и државните институции, продолжува со реализација на проектот „Ден на идеи“.

Целта на овој проект е да се охрабрат граѓаните на Република Македонија преку изнесување на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сите сфери на општественото живеење, директно да се учествуваат во спроведувањето и реализацијата на владините политики, придонесувајќи на тој начин во подобрувањето на состојбите во сите сегменти на секојдневното живеење и делување.

Идеите можат да се дадат по пошта, или лично во Владата на Република Македонија.

Оваа година, проектот „Ден на идеи“ ќе се спроведе на 7 декември – сабота, во просториите на Владата на Република Македонија, во периодот од 10.00 до 16.00 часот, каде ќе бидат присутни претседателот на Владата на Република Македонија и сите министри, на кои граѓаните директно ќе можат да им ги претстават своите идеи, предлози, мерки и проекти.

Сите заинтересирани граѓани, задолжително да се пријават во периодот од 2-ри до 5-ти декември на телефоните: 02 3118 782 или 02 3131 365 од 09.00-17.00 часот и да ги остават своите лични податоци.

 

Влада на Република Македонија