Сообраќај

МВР: 111 санкции за непрописно престигнување

18.12.2023 10:11

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 111 возачи.

Од нив, 40 на територијата на СВР Тетово, 21 на територија на СВР Битола, 19 на територија на СВР Охрид. За време на контролата санкционирани се и 222 други видови на прекршоци, информираат од МВР.