Украина-Русија
Украина и Русија со нов бран меѓусебни напади со дронови
18.12.2023 12:02
Нападната цивилна инфраструктура и руски воен аеродром. Украинските сили соопштија дека во текот на ноќта биле соборени 20 руски беспилотни летала, како и една балистичка ракета „Искандер“.

Украина и Русија со нов бран меѓусебни напади со дронови со зголемен интензитет. Нападната цивилна инфраструктура и руски воен аеродром. Украинските сили соопштија дека во текот на ноќта биле соборени 20 руски беспилотни летала, како и една балистичка ракета „Искандер“.
Украинската служба за безбедност поткрена истрага за уредите за собирање податоци пронајдени во канцелариите кои требало да ги користи Валериј Залужни, врховен командант на украинската војска.
