Мексико
Вооружен напад на забава во Мексико, 12 лица загинаа
18.12.2023 12:05
Дванаесет лица загинаа а над 10 се повредени во вооружен напад на забава во централната мексиканска држава Гуанахуато.

Дванаесет лица загинаа а над 10 се повредени во вооружен напад на забава во централната мексиканска држава Гуанахуато, објавија мексиканските власти.
Група луѓе отвориле оган врз учесниците на традиционалната мексиканска забава што се одржува во деновите пред Божиќ.
Во Мексико, причина за конфликтите најчесто се недоразбирањата меѓу групите за шверц на дрога.
