КСЗД

Јавна расправа за кандидатурите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација

18.12.2023 15:52

24 кандидатури за 4 испразнети места во Комисијата за заштита од дискриминација. Пред членовите на Комисијата за избори и именувања ги претставија своите приоритети. Невладините бараат непристрасен и стручен избор...

Јавна расправа за кандидатурите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. На втори ноември беше објавен огласот за избор на 4 члена на комисијата, бидејќи двајца од актуелниот состав си поднесоа оставки, а на уште еден му завршува тригодишниот мандат. Пријавени се 24 кандидати.

Ги прашавме граѓаните дали се запознаени со работата на Комисијата за заштита од дискриминација или пак, некогаш биле на било каков начин соочени со дискриминација.

Од Хелсиншкиот комитет се скептични дека изборот ќе биде непристрасен и ќе се изберат независни кандидати, стручни за областа дискриминација.

Последен случај познат во јавноста е со обвинителката Ленче Ристоска. По поднесената претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го доби случајот против Советот на јавни обвинители. Бидејќи неправедно и без никаков основ ги игнорирале нејзините апликации за избор во Вишото јавно обвинителство.

 

Александра Спировска