Македонија

Промовирана „Најди ме“, веб-страница за пронаоѓање исчезнати деца

18.12.2023 15:37

Промовирана веб-страницата на системот за рано предупредување за исчезнати деца najdime.org.mk. Ќе биде на три јазици-македонски, албански и ромски, а ќе функционира со поддршка на МВР...

Обдукцијата е готова, но не и извештајот кој треба да потврди како и кога настапила смртта на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Од Обвинителството велат, официјално документ од судска медицина не добиле. Прибираат докази во поткрепа на нивната теорија на случај против осомничените.

За да не се повторуваат грабнувања со смртен епилог, се бара начин за рано предупредување за исчезнати лица. Преку платформата najdime.org.mk граѓаните може да пријават исчезнување, но истовремено пријава да поднесат и до МВР.

Од Образование велат во тек е надградба на постојниот електронски дневник кој со стартот на второто полугодие ќе им овозможи на родителите увид, освен во оценките, и во изостаноците на децата од училиште.

Годишно во земјава исчезнуваат околу 300 лица. Најголем дел од нив успешно се пронаоѓаат и безбедно се враќаат дома.

 

Анита Димитријевска – Велковска