Политика

Европската блокада продолжува да се провлекува во препукувањата меѓу власта и опозицијата

18.12.2023 16:09

Старите ризици се провлекуваат и ги намалуваат новите можности на патот кон Европската унија. Премиерот Ковачевски со став – пропуштивме шанса од чист пенал. Опозицијата не се согласува. Оценува дека власта недоволно се ангажирала да ја разубеди Бугарија да престане со условувањата...

По Самитот во Брисел – заострена реторика и обвинувања меѓу партиите за пропуштената шанса за членство во ЕУ.

За премиерот Ковачевски старите ризици се провлекуваат и ги намалуваат новите можности. Тој прстот го вперува во ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Пропуштивме шанса да „шутнеме чист пенал“, вели Ковачевски.

Кога Европската Унија не успеа да ги елиминира билатералните прашања, тогаш мора да седне и да се помогне на масата со Бугарија, истакна потпретседателката на Партијата на европски социјалисти, Радмила Шекеринска,

ВМР0-ДПМНЕ вината за пропуштената шанса ја лоцира во повеќе сегменти. Обвинуваат за криминал во редовите на власта, но и за недоволниот ангажман на ЕУ, да ја разубеди Бугарија да престане со условувањата.

Од Институтот за демократија со анализа дека поддршката за европските интеграции е на најниското ниво досега.

Претседателот на Елиамеп Лукас Цукалис во рамките на панел дискусијата за Геополитика на приоширување на ЕУ посочи дека пристапувањето ќе биде потешко за земјите аспиранти од Западен Балкан бидејќи тие се економско слабо развиени, политички нестабилни, но и со слаби реформи во областа на правосудството.

 

Марина Стојанова-Тонева