Односот снаа- свекрва инспирација за карикатуристите
Една интересна изложба во Kрива Pаланка го отвори вечното ривалство меѓу две жени кои што сакаат ист маж- мајката и сопругата. Карикатуристи од целиот свет низ 150 дела ја обработува оваа вечна темаво целиот свет...

Односот снаа - свекрва и недоразбирањата помеѓу двете жени под ист покрив , а со различни сваќања како резултат на генерацискиот судир одекогаш ги мачел македонските жени, длабоко врезан во менталитетот на секое семејство. Но, ова тема не е важна само за нас, таа привлекува внимание и на балканот, па и пошироко. За тоа говорат 150-те карикатури од 80 автори, од 30 земји во светот што пристигнаа на меѓународниот конкурс во Крива Планка за карикатура на тема „Снаа-Свекрва“.
„Пристигнаа и многу групни фотографии, што значи се подигна нивото на манифестацијата и нашиот конкурс е веќе интерес на сепцијализираните клубови за карикатура во светски рамки“, изјави Стојанче Величковски, автор на конкурсот.
Интересно е тоа што најголем дел од авторите се мажи. Карикатуристите велат дека личното гледање на овој однос не и дозволува на жената да го долови реално, затоа што таа и самата е снаа или свекрва.
„Таа е вечна тема на сите пет континети. Добивме карикатури дури од Кина, кои се наверојатно изработени, воодушевен сум“, вели Јордан Поп Илиев, карикатурист од Македонија.
„Задоволен сум што сум дел од еден ваков фестивал каде што има автори од целиот свет, а делата кои пристигаа се навистина на едно високо уметничко ниво“, вели Јордан Савов, карикатурист од Бугарија.
Натпреварот во најдобра карикатура се реалзиира во рамките на културната манифестација Невестинско поклонение на св. Теодор Тирон, село Конопница во реализација на Градскиот музеј под покровителство на Општината Крива Паланка.
„На овој начин се промовираме како град надвор од локалните рамки. Преговарав со збратимените градови оваа изложба на карикатури да се одржи и во нивните градови“, вели Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
Стручна комисија со тајно гласање ги оцени карикатурите. Покрај трите најуспешни, додели и награда за групна карикатура и најмлад автор. На најдобриот покрај парична награда му беше врачена симболична стауетка Невестулка.
Габриела Димковиќ
