Влада

Премиерот Ковачевски на настан за доделување изводи на неевидентирани лица во матична книга на родени

19.12.2023 07:56

На настанот ќе присуствуваат и министерот на правда, Кренар Лога, директорот на Управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани и претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод доделување на изводи на лица кои досега не биле евидентирани во матична книга на родени.

Како што најавуваат од владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и министерот на правда, Кренар Лога, директорот на Управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани и претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.