Кој смее да јаде, а кој не јапонски јаболка?!
Употребата на јапонските јаболка може да биде опасна за тие со проблеми со панкреасот и камења во бубрезите. Јапонските јаболка содржат голема количина шеќер, затоа дијабетичарите треба да јадат по едно овошје.

Потеклото на дрвото јапонско јаболко е од Азија и таму многу се користи поради многуте витамини и минерали додека кај нас помалку.
Плодовите на јапонските јаболка се овошје со средна големина. Тие се со прекрасна портокалова боја. На есен, листовите стануваат црвени и паѓаат од дрвото и остануваат само портокаловите плодови. Личат на домати, но имаат вкус на праска и кајсија.
Плодовите треба да бидат целосно зрели и црвени,за да го добијат вистинскиот вкус и мирис. Тие се берат доцна во есен. Не треба веднаш по берењето да се јадат, затоа што се тврди. Најдобро е неколку недели да се почека за да созреат,за да бидат вкусни. Кога ќе созреат јапонските јаболка, ќе станат сочни, слатки со пријатен вкус, а потоа може да се јадат и со лажичка.
Јапонските јаболка се богат извор на витамини А, Б, С, железо, јод кои се многу важни за добар имунитет на нашиот организам во студените зимски денови, кога насекаде има настинки и вируси. Се користат за лекување на настинка со опструкција на респираторниот тракт со воспалително лачење, анемија и гастроинтестинални нарушувања. Мелените сушени лисја од јапонско јаболко се користат при крвавење.
Јодот помага против болести на тироидната жлезда.
Употребата на јапонските јаболка може да биде опасна за тие со проблеми со панкреасот и камења во бубрезите.
Јапонските јаболка содржат голема количина шеќер, затоа дијабетичарите треба да јадат по едно овошје.
Зрелите јапонски јаболка не треба да се јадат на празен стомак, се препорачува две-три дневно како десерт, после појадок или ручек.
Катерина Стојановска Десковска