Свет

Еруптираше вулканот на полуостровот Рејкјанес во Исланд

19.12.2023 08:58

Исландската метеоролошка агенција објави дека ерупцијата се наоѓа четири километри североисточно од Гриндавик и сеизмичките активности се движат кон градот.

Еруптираше вулканот на полуостровот Рејкјанес во југозападниот дел на Исланд по неколку недели силни земјотресни активности.

Околу 4.000 луѓе претходно беа евакуирани од рибарското гратче Гриндавик.

Исландската метеоролошка агенција објави дека ерупцијата се наоѓа четири километри североисточно од Гриндавик и сеизмичките активности се движат кон градот.

Вастите тврдат дека засега нема нарушувања во воздушниот сообраќај.

 

Фото: Влада на Исланд