Регион

Во Белград и денес протести, лидерите на опозицијата почнаа штрајк со глад

19.12.2023 09:30

Илјадници луѓе, најмногу студенти цела ноќ беа пред РИК. Студентите кои присуствуваа на протестот ги повикаа сите да протестираат и денеска.

Во Белград се одржа протест на проевропската опозициска коалиција „Србија против насилство“, која бара поништување на белградските и парламентарните избори поради изборна кражба.

Носителите на оваа листа на републичките избори Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ влегоа во седиштето на Републичката изборна комисија каде што почнаа штрајк со глад до исполнување на нивните барања.

Илјадници луѓе, најмногу студенти цела ноќ беа пред РИК. Студентите кои присуствуваа на протестот ги повикаа сите да протестираат и денеска.

Стејт департментот, пак, ги коментираше предвремените избори во Србија.

САД ја ценат можноста да продолжат да работат со идната влада на Србија да се засили демократското владеење и владеењето на правото, да се изврши напредок во регионалната стабилност и да се продолжи со економскиот развој, како и да се забрза прогресот на Србија кон интеграција во ЕУ, изјави синоќа на брифингот Метју Милер, портпарол на Стејт департменотот.

Српската напредна партија на Александар Вучиќ освои најмногу гласови на изборите, 46,7 проценти. Опозицискиот блок- „Србија против насилство“ има 23,5 проценти.