Фудбал – СП Бразил 2014
7 дена – 7 дуели
05.06.2014 11:12
Бидејќи ниту Шведска, ниту Србија не се пласираа на мундијалот во Бразил, нема да има можност за рекорден, осми дуел...

Бразил – Шведска и Германија против Југославија, односно против Србија се најчестите пресметки, по седум, во историјата на Светските првенства во фудбал.
Бидејќи ниту Шведска, ниту Србија не се пласираа на мундијалот во Бразил, нема да има можност за рекорден, осми дуел.
Низ традицијата на Светските шампионати, бројката седум, колку што има дена до почетокот на 20-то првенство, може да се врзе и со најбрзиот хет – трик. Ун
Унгарецот Ласло Киш на мундијалот во 1982-та во Шпанија во натпреварот против Салвадор постигна три гола за само седум минути. Унгарија славеше на тој меч со 10:1.
