МВР
Претрес во струмичко, пронајдена дрога
19.12.2023 10:05
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера ги лишиле од слобода И.Г.(41) и Т.Г.(41) од село Просениково, струмичко. При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
